„Алфите“ го приведуваат Сеад Кочан за да го носат во затвор

И од МВР вечерва потврдиле дека Кочан веќе е во затвор каде треба да ја одлежи својата 4,8-годишна казна изречана во случајот „Труст“.

6026

Во овие моменти припадници на специјалната единица „Алфи“ насилно го приведуваат бизнисменот Сеад Кочан со намера да го однесат на издржување на затворската казна.

Лекарите од приватната болница каде што се лекува Кочан се обидуват да ги убедат „алфите“ дека тој е со наод за срцева болест и е приклучен на апарати за кислород.

Акцијата на „алфите“ се одвива одлучно и најверојатно Кочан уште ноќва ќе ја помине во затворот во Идризово.

И од МВР вечерва потврдиле дека Кочан веќе е во затвор каде треба да ја одлежи својата 4,8-годишна казна изречана во случајот „Труст“.

Претходно полицијата од судот добила наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа.

„По добивање на целокупната документација поврзана со новото барање за одлагање со отпочнување со издржување на затворската казна на еден од обвинетите во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството значен како „Труст“, судија за извршување санкции донесе решение со кое го отфрли барањето како недозволено и издаде наредба осуденото лице со полициска придружба веднаш да биде спроведено во надлежната Казнено поправна установа“, се наведува во соопштението од судот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...