„Русија, те сакаме“, вака напишаа „Рамштајн“ на својот профил на Инстаграм.
Во Москва гитаристите Пол Ландерс и Ричард Круспе се бакнале во знак на протест против руските закони кои забрануваат јавно покажување на нетрадиционални сексуални врски. Јавниот бакнеж на двајцата гитаристи се случи само неколку дена откако е убиена една од најпознатите ЛГБТ-активистки, Јелена Глигоријева.
„Рамштајн“ се на промотивна турнеја за нивниот нов албум, а на 2 август треба да настапат во Санкт Петерсбург.
Законот предвидува секој странец што ќе прикаже нетрадиционални вредности да биде притворен 15 денови, да плати 5.000 рубљи и да добие забрана за влез во Русија. Дали тоа ќе се случи со членовите на „Рамштајн“ не се знае, но нема информации дека концертот на 2 август е поместен или одложен.