Сто од 958 административци кои повеќе од 10 години земаат плата од државата без ниту еден ден да се појават на работа, го одбиле повикот за работа и не ги потпишале договорите кои им биле понудени за нивно распределување.
Tие сега ќе бидат испратени на трансфер листата на Министерството за информатичко општество, каде што ќе им биде дадена втора последна шанса за работа.
„Од сите контактирани, околу 90%, според информациите добиени од Секретаријатот, ја потпишаа својата согласност за трансфер во одредена институција. Затоа се надеваме дека оваа прва фаза ќе се спроведе успешно и дека ќе продолжиме со следната фаза на систематизација на сите административци кои се опфатени со програмата за правична и соодветна застапеност“, изјави Мухамет Хоџа – портпарол на Владата