Досега вакцинирани 34.214 деца со МРП вакцина

44
ФОТО: EPA / YAHYA ARHAB

Министерството за здравство информира дека вкупниот број вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, од почетокот на епидемијата со морбили (мали сипаници) во целата држава изнесува 34.214. Од нив, 16.333 деца се вакцинирани на територија на град Скопје, додека пак, 17.881 дете е вакцинирано во останатиот дел од државата.

Од почетокот на епидемијата во декември 2018 до сега, дополнително се аплицирани 6.108 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се дадени на здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, а останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Во изминатата недела, пријавени се вкупно 7 случаи, од кои 5 се класифицирани како мали сипаници. Од вкупниот број на пријавени случаи, 4 случаи се од Скопје и еден е од Куманово.

Во државата остануваат уште 8.642 невакцинирани деца на возраст до 14 години. Потребно е да се засили спроведувањето на вакцинацијата, особено на предучилишните деца надвор од Скопје.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите чувствителни категории.

Вакцинацијата е единствената мерка за заштита од мали сипаници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...