Возачот ја исфрлил од автобус бидејќи била „непристојно“ облечена ФОТО

Аманда тврдела дека е соодветно облечена имајќи ги предвид високите температури, а потоа се оддалечила.

3808

Аманда Хансон (19) е бесна поради потегот на „сексистички настроениот“ возач на автобус кој ја исфрлил од превозот во шведскиот град Малме, бидејќи на себе „немала доволно облека“.

Инцидентот се случил минатиот петок, а имајќи предвид дека температурата била околу 30 степени Целзиусови, девојката носела шорц и маица за која возачот сметал дека е непристојна.

Во постот на Фејсбук, тврдела дека возaчoт ѝ рекол дека „покажува премногу“ и не сакал да ја пушти во автобусот.

Аманда тврдела дека е соодветно облечена имајќи ги предвид високите температури, а потоа се оддалечила.

– Толку многу се налутив така што сакав само да врескам и плачам. Какво е ова сексистичко однесување? Никогаш во животот не сум почувствувала вакво понижување“, напишала Аманда во постот.

Активистките за заштита на жените и женското тело застанале на страната на девојката.

Amanda Hanson

FOTO: Fejsbuk

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...