Дескоска за „Рекет“: Правдата треба да биде безмилосна за сите

382

Министерката за правда Рената Дескоска оцени дека сегашната ситуација е апсолутно неприфатлива, одговарајќи на новинарско прашање за случувањата во СЈО и за обвинителката во оставка Катица Јанева и дали тоа, како и случајот „Рекет“ ќе влијае на целиот процес и на разговорите.

– И никој не ја посакуваше, ниту пак ја очекувавме. Сите сме шокирани од она што го гледаме. Јас се надевам дека Обвинителството за организиран криминал побрзо и поефикасно ќе ја води истрагата со цел да не останат сомневањата и дамката и доколку има потреба од судски постапки, да почнат – рече Дескоска.

Единствено, како што додаде таа, во судска постапка треба да се види кој е виновен и тој што е виновен да си ја понесе својата одговорност.

Прашана за тоа што мисли за претставниците од власта кои се блиски со осомничените за случајот „Рекет“, Дескоска рече дека блискоста не е основ за кривично дело.

– Ако има инволвираност во кривични дела, тогаш правдата треба да биде безмилосна за сите. Сите треба да одговараат без разлика дали се луѓе од власта, дали се од опозицијата, од обвинителство. Во тој дел се залагам за неселективност во гонењето на сите – нагласи Дескоска.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...