На местото кадешто на 6 декември 2008 година, Епаминондас Корконеас смртно го застрела тогаш 15-годишниот Алексис Григоропулос, членови на анархистички и левичарски здруженија и организации вчера одржаа протест против ослободувањето на поранешниот полицаец, јави дописничката на МИА од Атина.
Протестите завршија со мали инциденти кога дел од групата фрли молотови коктели и камења кон полицајците, а според грчката новинска агенција АНА-МПА, упасени се две лица, 40-годишен Грк и 17-годишен Албанец.
Поранешниот полицаец во вторникот попладне беше пуштен на слобода, откако беше донесена пресуда, наместо доживотна, казната затвор за убиството да биде 13 години.