Вучиќ вели го прислушкуваат 24 години, Тадиќ најави кривична

201
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека бил прислушуван речиси 24 години, со одредени паузи, на раличити начини и со користење разни методи, оценувајќи дека тоа било „чисто политичка одлука“.

Вучиќ на ТВ Пинк, говорејќи за опозицијата, кажа дека тие обвинуваат дека државата нив ги прислушува, „бидејќи немаат со што друго да се занимаваат“, а тоа не е вистина.

-За разлика од вас, ние не ве прислушуваме – изјави Вучиќ.

Од друга страна, тој посочи дека 24 години бил прислушуван, отфрлајќи ги обвинувањата на поединци дека бил во комуникација со подземјето, притоа изнесувајќи документација која се однесува на прислушкувањето кон него и кон лицатат со кои имал комуникација заклучно со 2004 година.

Според Вучиќ, мерката против него за првпат била воведена со одлука на Јовица Станишиќ (поранешен шеф на тајните служби) на 11 декември 1995 година и дека бил апострофиран како застапник за соборување на уставниот поредок преку употреба на инциденти методи на дејствување.

Тој додаде дека во докуметите се наведува да тој заедно со Воислав Шешељ и Томислав Николиќ, работеле на консолидирање на паралелни формации во партијата, во обид за насилно превземање на власта.

– Тоа е чисто политичка одлука. Немаше судска одлука. Судската одлука дојде подоцна, во 1996 година, за да правно се легализира одлуката за мерките – рече Вучиќ.

– Мерката за целосно следење на моите комуникации беше укината на 13 декември 2000 година, за да за време на вонредната состојба по убиството на Зоран Ѓинџиќ, тогашниот директор на БИА, самостојно, без судска одлука, донесе одлука да ме прислушуваат заради наводните врски со подземјето.

Тој додаде дека додека ги координирал безбедносните служби, „никогаш во јавноста се немаат појавено прислушувани разговори“.

Министерот за внатешни работи Небојша Стефановиќ неодамна изјави дека Вучиќ бил прислушуван постојано од 1995 до 2000 година, понекогаш без никаква судска наредба и мерка која на било кој начин е законски заснована.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги потврди и информациите во медиумите дека одредени лица ја следат неговата ќерка Милица и го фотографираат неговиот син на работното место, додавајќи дека нападите врз неговото семејство биле резултат на „атмосфера создадена од опозицијата со додворување на екстремистите на социјалните мрежи.“

Конечен одговор на прашањето кој кого го прислушувал- власта опозицијата или опозицијата власта, најверојатно ќе го даде судот откако претседателот на Социјалдемократската партија и поранешниот српски претседател, Борислав Тадиќ, најави поднесување на кривична пријава против Александар Вучиќ.

Вчера, на прес-конференција, Тадиќ истакна дека Вучиќ нелегално го прислушувал и дека тоа го изјавил неговиот „идеолошки татко“, Воислав Шешељ. Поранешниот претседател на Србија додаде дека во светот не е забележан случај опозиционер да го прислушува шефот на државата.

– Александар Вучиќ изјави дека бил прислушуван и дека има докази за тоа, а министерот Небојша Стефановиќ дека ќе ги претстави доказите пред јавноста, а се покажа дека Вучиќ не бил прислушуван, туку дека бил во комуникација со криминалци како и неговиот брат – оцени Тадиќ, опишувајќи ја неговата пријава како „убава и фино заснована“.

Темата за незаконското прислушување на политичките противници ја покренаа претставници на Сојузот за Србија (СзС), тврдејќи дека овие информации ги добиле од „професионалци во МВР“.

ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...