„Илинден“ ќе го затвори за сообраќај центарот на Скопје

306

Поради одбележувањето на „Илинден“, утре од 9 часот ќе во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај. За сообраќај ќе биде затворен потегот од крстосницата помеѓу улицата 11-ти Октомври и булеварот Кочо Рацин до крстосницата помеѓу улицата Даме Груев, улицата Васил Главинов и улицата Димитрија Чуповски и од крстосницата помеѓу улицата Даме Груев, улицата Македонија, улицата Филип Втори Македонски до улицата Кеј 13-ти Ноември, информира МВР.

Во времето од 5 до 14 часот на улицата Беласица и од 14 до 18 часот на улицата Самоилова (виадукт кај стоковна куќа Мост) во Скопје, во организација на Друштво за филмска продукција „Фокус Покус Филмс“ од Скопје, ќе се снима филм, поради што Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвиваат настаните.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...