Сметам дека Русија веќе ја почна Третата светска војна, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин, во ексклузивното интервју за порталот Плусинфо.
Коментирајќи ги актуелните настани во Сирија, во Украина, во Велика Британија, но и во регионот на Балканот, Климкин вели:
– Кај нас, во Украина, војната е почната и со милитантни, но и со неконвенционални, хибридни средства, додека во другите делови на Европа, сега засега, се води само на нековенционални начини. Она што се случува во Сирија во моментов, Русија го гледа низ призмата на таа хибридна Трета светска војна. Ако денес ги прашате украинските граѓани, тие ќе ви речат дека пред пет години речиси никој не можел ни да замисли дека Русија ќе го окупира Крим и ќе спроведе инвазија во Донбас. Доколку пред две години ги прашавте граѓаните на Велика Британија дали е можно да се случи такво труење со гас какво што се случи во Солзбери, сите ќе речеа – не, тоа не е можно. Ако пред три години некого во Европа го прашавте дали може да си ги замисли бомбардирањата во Алепо, одговорот секако ќе беше негативен. Но денес, за жал, гледаме дека има луѓе кои не веруваат во никакви правила, не веруваат во морал, во договарање со оние со кои не се согласуваат. Тие веруваат единствено во воена победа и во ништо друго!
Министерот Климкин тврди дека она што се случува во Сирија не е прашање на разлики во погледите или ограничена агресија, туку потврда на глобалната агресивна политика на Москва, која се манифестира и во нашиот регион.
Целото интервју со министерот Павло Климкин можете да го прочитате тука.