Пендаровски ја формираше Комисијата за одликување: Марјан Ѓуровски претседател, Дарко Панчев член

1272

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска се одржала конститутивна седница на Комисијата за одликувања и признанија која е работно тело на претседателот, соопштија од вила „Водно“.

„За претседател на Комисијата за одликувања и признанија е именуван Марјан Ѓуровски, а за нејзини членови именувани се академик Луан Старова, Дарко Панчев, Сабина Ајрула, Билјана Пеева-Ѓуриќ, Весна Ѓиновска Илкова и Мирослав Стојановски. Претседателот Пендаровски на членовите на комисијата им посака успешна работа. Посочи дека при носењето на одлуката за составот на комисијата се водел од потребата во неа да членуваат поединци кои низ животниот пат оставиле своја трага. Членовите на комисијата се заблагодарија за честа да бидат дел од работното тело на претседателот и изразија очекување за конструктивна работа на комисијата, со цел давање на предлози за доделување на одликувања и признанија на поединци и организации кои дале придонес за Република Северна Македонија“, пишува во соопштението од кабинеот на Пендаровски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...