Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик се огласи по повод спорната изјава на хрватската претседателка Колинда Грабар – Китаровиќ, која ја пренесе израелскиот Џерусалем пост, наведувајќи оти е точно тоа дека „Босна и Херцеговина е нестабилна, неможна и неодржлива земја“.
– Не е непознато тоа дека од просторот на Европа, најмногу имаше од Босна и Херцеговина кои припаѓаа на Исламската држава во Сирија, како и тоа дека овде имаше неколку терористички напади – рекол Додик и истакнал дека тоа не значи оти муслиманите се терористи, пренесува „Курир.рс“.
Тој додал оти не смета дека изјавата на Колинда е кажана офсајд и без врска.
– Тоа што ги знае работите од минатото најверојатно ја мотивирало да даде таква изјава – рекол Додик.
Пред два дена, Џерусалем пост пренел дека Колинда за време на посетата во Израел кажала оти Босна и Херцеговина е нестабилна земја која ја контролира милитантен ислам.
Меѓутоа, новинарката на тој медиум кажала дека хрватската претседателка не зборувала за Иран, ниту ја спомнала владата на Босна и Херцеговина, нејзината изјава за поврзаноста на Иран и терористи се однесувала само на некои од мигрантите кои стигнале во Босна и Херцеговина.
ФОТО: EPA / Malton Dibra