Заев го пречека Борисов со највисоки државни и воени почести (ВИДЕО)

510
ФОТО: EPA / VASSIL DONEV

Бугарскиот премиер Бојко Борисов кој престојува во посета на земјава по повод одбележувањето на двегодишнината од Договорот од Договорот за добрососедство, пријателство, претпладнево беше пречекан од премиерот Зоран Заев пред Владата со највисоки државни и воени почести.

Двајцата премиери и владините делегации ќе имаат билатерални средби на кои ќе го разгледаат напредокот на соработката на билатерален и мултилатерален план.

Премиерите Заев и Борисов ќе имаат заедничка прес-конференција во медија центарот на Владата по што ќе заминат во црквата „Св. Спас“ каде што ќе се поклонат и ќе положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.

Бугарскиот премиер во Скопје ќе има средба и со претседателот Стево Пендаровски.

Предвидено е Борисов и Заев потоа да заминат за Дојран каде што ќе положат цвеќе на споменикот на бугарскиот полковник од Балканските војни, Константин Каварналиев. Тој загинал токму кај Дојран во 1913 година.

Каваранлиев имал споменик во Дојран, но беше руиниран. Заев при посета на Бугарија најави дека ќе се обнови плочата иако тоа не е дел од Договорот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...