Закани со палење градинки и убиства во Германија ако на мени за деца не се врати свинско

1560

Активисти на екстремна десница упатија закани во германскиот град Лајпциг дека ќе запалат две градинки и ќе ги убијат раководителите доколку на менито за децата не вратат оброци со свинско месо.

Весникот Индипендент објави дека две градинки во Лајпциг се цел на критики на политичари од екстремната десница бидејќи од детското мени е симнато свинско месо, претпоставувајќи дека тоа е поради муслиманските деца кои одат во тие градинки.

Градоначалникот Бурхард Јунг изјави дека критиките предизвикале бурни реакции исполнети со омраза и закани кон градинките и градските власти. Тој тврди дека промените не се ништо невообичаено и дека тоа е можеби направено поради разновидност на оброците.

Јунг вели дека промената е донесена со „слободна одлука во слободна држава“ и тоа според него, не е предмет за културолошка дискусија.

Градинките по заканите добија полициско обезбедување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...