Меѓу 11-те настрадани во топлотниот бран во Јапонија е и маскота од забавен парк во Осака, кому му се слошило од жештината под тешкиот костум.
Дваесет и осумгодишниот маж кој во Забавниот парк работел пола работно време, бил облечен во тешка облека. Умрел од топлотен удар во неделата вечер во паркот Хираката во Осака, откако 20 минути играл во костум тежок 16 килограми. По оваа несреќа, во паркот е прекината забавата, а на сите маскоти им било речено да не ги носат повеќе костумите. Во текот на денот температурата во Осака изнесувала 33 степени.
Повеќе од 5.000 лица се во болница како последица од високите температури во Јапонија, а 65 проценти од хоспитализираните имаат над 65 години.
Највисоката температура од 37 степени била забележана вчера во префектурата Грифу во централниот дел на земјата.