Еден загинат и неколку повредени вечерва на патот Велес-Штип

1461

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 20:20 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај приклучокот за Ново Село при директен судар помеѓу комбe и автобус.

Во моментот на несреќата 15 патници биле во автобусот кој се движел во правец кон Штип. Неофицијално, автобусот имал кратовски регистарски таблички, а патниците оделе на одмор во Бугарија.

Со автобусот директно се судрило товарно комби со скопски ознаки. Загинатиот е возачот на комбито во кое немало други патници. Повредени има десетина лица кои со возила на брза помош се пренесуваат на хируршкото одделениe во Општата болница во Велес.

На местото на настанот има и екипи од противпожарната единица кои ги извлекуваат повредените од автобусот. Полицијата врши увид на местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...