Утре без вода од 9 часот до завршување на интервенцијата ќе останат жителите на потегот од булеварот Илинден до улицата Орце Николов, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причината за прекин во водоснабдувањето е дефект на водоводна мрежа со пречник 3 цола на ул. Франклин Рузвелт бр. 32.