Трките на Партизанска и вандализмот го однесоа Спасовски во Карпош

1748

Безбедноста во Општина Карпош, трките по бул. „Партизански одреди“, уништувањето на урбаната опрема и капацитетите на Полициската станица Карпош беа причина министерот за внарешни рабти, Оливер Спасовски, да го посети Карпош.

Спасовски се сретнал со градоначалникот на оваа општина, Стефан Богоев, а бил и на седница на локалниот совет за превенција.

„Градоначалникот Богоев го информираше министерот за зголеменото уништување на урбаната опрема на јавните површини (клупите и корпи за отпадоци) и за фактот што локалната самоуправа постојано испраќа пријави до Полициската станица Карпош и бара санкции за сторителите и почести патроли за превенирање на овие појави. Во изминатиот период, Општината донираше и возило за потребите на ПС Карпош, со цел да се зголеми мобилноста и присуството на терен на полициските службеници“, соопштија од Општината.

Спасовски, пак, рекол дека на територија на Градот Скопје наскоро ќе започнат да работат 350 нови полицајци, а мобилни ќе бидат и нови 12 нови полициски возила. Дополнително, посочил оти ќе зајакнат патролите на буллеварите „Партизански одреди“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“ со цел да се спречат трките долж булеварите.

– Новиот Закон за безбедност во патниот сообраќај, кој би требало да се донесе во  текот на годината, предвидува трајно да се справиме со овој горлив проблем – рече министерот Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...