Принцот Хари: Ќе имам најмногу две деца!

Принцот Хари рекол дека сите мора да се присетиме дека сме како жаба во вода која е доведена до вриење и дека тоа е застрашувачки.

871

Принцот Хари открил дека планира да има најмногу две деца, поради својата растечка загриженост за иднината на Земјата.

Во разговорот со активистката и стручњак за шимпанзи Џејн Гудал за специјалното септемвриско издание на британскиот „Вог“, принцот Хари на прашањето колку деца планира да има со сопругата Меган Маркл, рекол – најмногу две, максимум, пренесува Си-ен-ен.

Принцот Хари рекол дека сите мора да се присетиме дека сме како жаба во вода која е доведена до вриење и дека тоа е застрашувачки.

Тој признал дека неговиот став кон планетата се променил по раѓањето на неговиот син, принцот Арчи, но дека отсекогаш сакал да се обиде да ја сочува планетата, дури и пред неговите планови да има деца.

Коментарот зачуди многумина, со оглед на тоа дека неговиот брат, принцот Вилијам има три деца: „Ако принцот Хари сака да има две деца за да ја спаси планетата, дали тој тукушто кажа дека принцот Вилијам има премногу деца?“, се запраша еден корисник на Твитер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...