Министерка го посрамоти Мета: Предвидување земјотрес е надвор од науката

478
ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Албанската министерка за одбрана, Олта Џачка, му одговори на претседателот Илир Мета во врска со неговата загриженост по „најавите за апокалптичен земјотрес на Балканот“.

„Предвидувањето земјотрес е надвор од можностите на науката, а за тоа се консултирав и со Институтот за геолошки науки, енергија, вода и животна средина (ИГЕУМ). Дополнително, грчкиот сеизмолог Акис Целентис ја демантираше лажната вест,што беше причина за вашата загрженост“, стои меѓу другото во одговорот на министерката.

Во врска со мерките за справување природни непогоди, Џачка вели дека владата и Министерството за одбрана се „поподготвени од било кога во изминатите 30 години, да се справат со вонредни состојби“.

„Нашите капацитети за справување со вонредни сосотојби денес се многу поголеми и се со извонреден професионализам. Институционалната координација е многу поефикасна од кога било. Начинот на кој се справивме со земјотресот во Корча се најзначајните докази за сериозноста на нашата подготвеност“, пишува Џачка.

Таа дополнително го потсетува шефот на државата дека се уште не го потпишал законот „за цивилна заштита“, за кој рече дека е изготвен со помош на локални и странски експерти.

Експресно возвратија од кабинетот на Мета од каде ја советуваат добро да се информира по двете прашања.

– На папагалите не им се потребни никакви факти или аргументи, тие само се повторуваат секој пат. За оние кои денес ја слушнаа новата „портпаролка“ во Албанија на господинот Целентис, ве потсетуваме на статиите објавени во меѓународните и национални медиуми – изјави советникот Бахри Шаќри посочувајќи го линкот каде може да прочита повеќе за ова прашање.

Во врска со обвинувањата за законот за цивилна заштита портпаролот на Мета,Теди Блуши, на Фејсбук наведе дека истиот е потпишан пред предвидениот рок за тоа.

ФОТО: EPA / MALTON DIBRA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...