Американски параглајдерист се здобил со повреди откако паднал врз возило во Љубаништа, соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Вчера во 15.34 часот во СВР Охрид било пријавено дека во село Љубаништа, охридско, паднал параглајдерист. Од страна на полициски службеници од СВР Охрид излезено е на местото на настанот и констатирано е дека во 15.20 часот при слетување на плажата со параглајдер Д.J.Р.(57) од САД, паднал на патничко моторно возило марка „мицибуши“ со скопски регистарски ознаки. Д.Ј.Р. со возило на итна медицинска помош е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ – велат од МВР.
Се превземаат мерки за расчистување на случајот.