Човекот кој тврди дека е Исус, носел бел пењоар со сина лента во склад со традиционалниот западен приказ на Исус Христос.
Христијаните го чекале Христовото враќање веќе два милениуми, а според наводите од Африка, тој наводно „слетал“ во Кенија, барем како што веруваат тамошните народи.
Според фотографиите и видеоснимките кои локалното население ги споделува по социјалните мрежи, човекот кој тврди дека е Исус, Син Божји, во моментот патува во Јужна Африка.
Некој корисник на социјална мрежа вели дека кенискиот пастор го пронашол „Исус“ како оди по улиците на Кенија и го повикал во црквата.
На социјалните мрежи се појавиле фотографии од долгокосиот, брадест белец кој ѝ се обраќа на публиката.
Исто така објавени се и видео снимки на кои се гледа како тој игра во кенискиот град Китенгел.
Постојат шпекулации дека бил виден и во Јужна Африка.
„Пасторот од Јужна Африка го повикал Исус денес да проповеда во црквата“ – напишал некој корисник на социјалните мрежи.
Идентитетот на овој човек досега не е утврден.
My favourite scammer this month is this fella that convinced some people he’s Jesus.
💀🤣💀 pic.twitter.com/HErd6DIBmz— Ottilia Anna MaSibanda (@MaS1banda) July 28, 2019
Kurir.rs/Sputnjik
Foto: Printscreen/Twitter