На Русите кариерата им е пред семејството, според нова анкета

Инаку, 67 проценти од жените би го запоставиле семејството поради својата кариера, додека бројката за мажи е 72 проценти.

51

Речиси 70 проценти од Русите се подготвени да и дадат приоритет на кариерата и зголемување на платите наспроти нивните семејства, а дури 40 проценти велат дека кариерите и семејствата „не одат заедно“, според анкетата на Зарлата.ру.

Анкетата покажува дека 68 отсто од испитаниците се подготвени да посветат помалку внимание на семејството, ако тоа значи напредување во кариерата и зголемување на платата, додека шест проценти се подготвени да заборават на роднините.

Семејството се најде на првото место за четвртина од испитаниците.

Инаку, 67 проценти од жените би го запоставиле семејството поради својата кариера, додека бројката за мажи е 72 проценти.

Истражувањето е спроведено помеѓу 16 и 29 јули врз 9.060 граѓани на возраст над 18 години низ цела Русија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...