Во болницата во Ријека вчера починала 55-годишна Германка, која се здобила со повреди додека го спасувала 71-годишниот сопруг од морето.
Несреќата се случила во понеделникот рано наутро, околу 02.15 часот.
Германскиот државјанин пијан паднал во морето, неговата сопруга сакала да му помогне, но се сопнала и таа паднала.
Поради тешки повреди, го изгубила животот во болницата.