Сто денари за првиот час, а секој нареден по 50 денари – толку ќе чини паркирање во зоната А0. Ова се предвидува во Одлуката за дополнување на Ценовникот на „Градски паркинг“, која денеска се најде пред градските советници на предлог на градоначалникот Петре Шилегов.
Досега ЈП „Градски паркинг“ немаше А0 зона, а во А зоните беше дозволено паркирање од најмногу два часа.
Вакво зонско паркирање ќе се воведе на Кале и на Средно Водно.