Ваков безбедносен пропуст кралското семејство себеси не смее уште еднаш да си дозволи. Алармантната вест го потресе кралското семејство и одекнала низ ходниците на палатата Кенсингтон.
Осудуваниот насилник се нашол во близина на принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис во текот на безбедносен пропуст.
Како што пренесуваат од „Womenshealthmag“, на мажот му било дозволено да влезе во палатата како возач на некоја приватна компанија. Наводно, извор близок до палатата го открил овој пропуст па припадниците на обезбедувањето веднаш го провериле безбедносниот систем.
Поранешниот осуденик, кој бил во затвор поради малтретирања кои вклучувале и полевање со врела вода, се фалел на своите пријатели дека ги видел принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис во нивниот семеен двор на 14-ти јули и изјавил дека Џорџ бил многу љубезен.
„Војводата е известен за сè и испитува што се случува. Тој навистина верува дека осудениците заслужуваат втора шанса кога ќе ја отслужат својата казна, но загрижен е за безбедносната процедура и не е толку строг колку што би требало да биде. Многу е важно да знаеме кој влегува во палатата“ – изјавил извор близок до палатата.
Обезбедувањето нагласило дека веднаш откако ја примиле веста за тоа пристапиле со ревизија и унапредување на моменталниот безбедносен систем и процедурата за пристап во палатата. Планираат да ги засилат барањата за оние кои сакаат да дојдат во палатата. За среќа на крајот сè завршило како што треба.