Србин ја продавал малолетната ќерка за пари и алкохол

246

Соседите на Србин кој продавал цвеќе пријавиле во полиција дека во неговиот двор седат повеќе мажи кои сексуално ја злоставуваат неговата малолетна ќерка.

Тој бил уапсен под сомнение дека ја силувал и ја продавал на познајници за пари, а понекогаш и за шише алкохол.

– Соседи виделе голо девојче како седе во крило на стар маж, за кој подоцна се дознало дека е пријател на осомничениот. Во дворот биле повеќе мажи, па соседите веднаш сфатиле дека станува збор за сексуално злоупотребување. Полицијата веднаш го уапсила таткото и уште неколку постари мажи – рекол за „Курир.рс“ извор запознат со истрагата.

Според изворот, на сите им биле запленети мобилните телефони и се испитува дали сексуалните односи биле снимени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...