Кривичниот совет во Основниот кривичен суд во Скопје го одби барањето на Сашо Мијалков да го добие пасошот назад со цел да му биде укажана лекарска интервенција која не се изведува во Македонија.
Веста ја потврдија од судот од каде додаваат и дека пред да одлучува, советот добил мислење и од СЈО, кое се противело на барањето.
На Мијалков пасошот му е одземен во случајот „Титаник 2“, каде тој е првостепено осуден на три години затвор. Пресудата сѐ уште не е правосилна бидејќи се чека одлука на Апелација за жалбите.
На ексшефот на УБК веќе еднаш му беше одбиено вакво барање. По вадењето на дополнителни медицински документи, тој поднесе ново, но и тоа сега е одбиено.
Против решението на Кривичниот совет, адвокатите можат да поднесат жалба до Апелација во рок од 3 дена.
ФОТО: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI