Еко герила ќе го пријави Нефи Усеини кај амбасадори

1360

Движењето Еко герила ќе го пријави советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ, Нефи Усеини, во амбасади и меѓународни организации за нападот врз професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Илјаз Илјази.

Илјази за овој случај рече дека причината за нападот било тоа што тој го пријавил по Усеини за див приклучок за вода од зградата каде тој бил претседател на куќниот совет.

„Високо го цениме придонесот што Илjаз Илjази како наш надворешен советник и експерт за прашања поврзани со загадувањето на животната средина и изразуваме сериозна загриженост дека владеењето на правото во нашата земја е далеку над очекувањата на граѓаните. Културата на неказнивост за кривични дела кон политички службеници е неподнослива. Ги повикуваме Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи итно да одговорат и да ги казнат сторителите, без разлика на политичката поддршка што може да ја имаат“, наведуваат од Еко герила.

Со реакција денеска се јави и Алијансата за Албанците во која бараат институциите да реагираат за нападот. Тие ја повикуваат полицијата да постапи согласно законот против употреба на насилство врз невини лица и ја повикуваат Општина Охрид да не молчи туку да постапи согласно надлежностите во законот за комунални услуги и законот за градби.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...