Александар Вучиќ во континуитет бил прислушкуван од 1995 до 2000 година, па од 2000 до 2003, па од 2007 до 2012 година, и тоа без никаков налог од суд или било каква наредба или мерки засновани според закон.
Вака рекол министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, пренесува „Блиц“.
Тој додал дека никогаш, по години прислушкување и следење на комуникациите на Вучиќ, „ниту против едно лице не е покрената било каква постапка, ниту поднесена кривична пријава, што зборува дека е следен некој само затоа што е политички противник“.
Стефановиќ кажал оти Вучиќ од 2007 до 2012 година бил прислушкуван „од повеќе лица кои комуницирале со него, а биле означени како екстремисти“. Меѓу тие личности биле Горан Весиќ и Владимир Ѓукановиќ, рекол тој, па додал дека останатите имиња не може да ги сподели, поради заштита на приватноста.
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER