Мицкоски ќе оди во Будимпешта да се види со Орбан

1740

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска и утре ќе биде би Виена, Австрија, и во Будимпешта, Унгарија, соопштија од партијата.

Во Виена ќе остане кратко и ќе има средби од научен карактер, кои се поврзани со неговата професорка дејност на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Оттаму, заедно со со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, ќе заминат во Будимпешта да се видат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

„На средбата се очекува да разговараат за прашања поврзани со актуелната политичка и економска состојба во Република Македонија, како и размена на информации на ниво на сестринските партии за правците на понатамошно делување во пресрет на престојниот Конгрес на Европската Народна Партија и изборот на новото раководство“, соопштија од партијата.

Оттааму, Мицкоски и Николовски ќе се вратат во Скопје за во петок на Илинден да предводат делегации по повод празникот.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се обрати на народниот собир во струшкото село Ташмаруниште, додека потпретседателот ќе предводи партиска делегација на прославата на Мечкин Камен во Крушево.

Партиска делегација на ВМРО-ДПМНЕ ќе положи свежо цвеќе и на народниот собир и прослава на Пелинце.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...