Илија Димовски: Нема да дозволиме политички калкулации со пописот

247

Пратеникот Илија Димовски кој денеска ги објави забелешките на ВМРО – ДПМНЕ за предложениот текст на Законот за попис ѝ порача на власта дека пописот мора да биде статистичка операција, а не предмет на политички калкуации.

Тој истакна дека забелешките на ВМРО- ДПМНЕ немаат политичка конотација, туку се направени во соработка со стручни лица со меѓународно искуство.

Прво, за ВМРО-ДПМНЕ успешен попис ќе биде само попис кој што е целосно усогласен со стандардите на Европската Унија и со стандардите на Еуростат. Попис кој што би се одржувал по примерот на пописите кои што се одржуваат во сите членки на Европската Унија. Тој попис ќе биде усогласен и ефективен за Република Македонија и ќе даде податоци кој што ќе бидат од полза за планирањето на идниот развој на државата. За жал граѓаните, а и ние повторно имаме чувство дека пописот се користи за политички цели и е предмет на политички калкулации помеѓу партнерите во владејачкото мнозинство. Како пример, видовме дека тоа не е добро и не сакаме да дозволиме да биде предмет на политички калкулации – истакна Димовски и порача дека е подобро да се одложи пописот за 2021 година.

Тој објасни дека е многу важно да се дефинираат сите изрази и поими кои се употребуваат во законот, за да нема недоразбирања и различни толкувања.

– Бараме дефинирање, нешто што недостасува во предлог законот на сите изрази и поими кои што се употребуваат во законот кој што потенцирам е lex specialis. Закон за еднократна употреба кој што не може да се повикува на дефиниции од други закони и во себе треба да ги содржи дефинициите за тоа што е население, што е вообичаено место на живеење, што е официјално место на живеење, што  е домаќинство Мора да се дефинира што е население, што е домаќинство, што е официјално место на живеење. Ако има дефиниции нема да има различни толкувања – рече Димовски.

Тој вели дека постои сериозна регулатива, огромен број документи од Европската Унија и Еуростат и дека Македонија треба само да ги вгради во законодавтството и да ги примени.

– И трета, принципиелна забелешка е дека пописот не смее и не треба да се разбере како страв или како радост на било која етничка заедница од можноста за добивање или губење на било какви граѓански права. Пописот мора да биде исклучиво статистичка операција кој што ќе помогне за понатамошниот развој на Република Македонија – вели Димовски.

Тој истакна дека ВМРО – ДПМНЕ нема доверба, директорот на државниот Завод за статистика да биде носител на целата пописна операција.

– Сепак станува збор за лице, политички назначено од страна на политички орган, Влада на Република Македонија и сметаме дека за оваа операција треба да се најде начин за некое колективно тело, пред се составено од стрручни лица, не од политички лица, професори, академици, луѓе кои што имаат долгогодишно искуство, тело колективно кое што би добило целосна поддршка од Собранието и зад кое што би застанало најшироко возможно мнозинство во ова Собрание. Тоа ќе биде принцип, за нас многу значаен, но и за државата дека сите политички групации во Собранието даваат доверба на одреден состав на луѓе кои што имаат стручен бекграунд зад себе за да спроведат една така битна статистичка операција кој што за жал од 90-та година досега иако со неколку обиди и неколку условно кажано успешни примери ние немаме реален попис спроведено на територија на Република Македонија – порача Димовски и додаде дека неговата партија бара да се дефинира што е резидентно население во Република Македонија.

– Тука не нудиме наши толкувања, наши дефиниции туку бараме да се применат дефинициите на Европската Унија и Еуростат, онака како што се применуваат дефинициите во сите земји челнки на Европската Унија. Исто така, бараме нешто што не е предвидено со законот воопшто за жал што за на с е многу чудно, пописот да се спроведува врз база на релевантни и точно набројани документи – објасни Димовски.

Тој забележа дека со сега предложеното во Законот за попис, апсолутно граѓаните нема да имаат потреба да приложат било каков документ.

– Само со кажување на матичен број, свој или на комшија или на пријател или на некој што живее десет куќи од вас ќе може да го попишете тоа лице без да приложите било каква документација. Ние бараме да се приложи документација, дали тоа ќе биде лична карта, пасош или извод од матична книга на родени или нешто слично е предмет на разговор. Занчи да можат да се попишат они кои имаат релевантна документација.

Пратеникот Димовски најде уште една маана на предложениот текст на законот. 

  Исто така, во законот не е предвидено кој за кого смее да дава податоци. Онака како што е напишано во законот практично јас или било кој од вас ќе може да даде податоци за цело едно маало. Никако не смее така факултативно секој да дава податоци за секого – вели Димовски и дообјасни дека опозициската партија бара да има пописница или формулар каде што попишувачите и тој што дал податоци ќе стави свој потпис и ќе одговара за податоците.

 -Тие кои што ќе се попишуваат преку електронска апликација според нас, не треба да се водат како резидентно население. Немаме проблем да се попишуваат граѓаните, но да знаеме точно кои се резиденти според статистиките на стандардите на ЕУ и Еуростат, а кои се попишуваат , а не се резиденти во нашата држава, заради тоа што може да се случи во пописот како резиденти во Република Македонија да се попишат и лица кои што живеат подолго од една година, а немаат македонско државјанство – рече Димовски и порача дека ВМРО – ДПМНЕ нема намера да нема попис, туку да се направи операција од доверба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...