Ветингот во МВР на владина седница

367

На денешната владина седница на предлог на министерството за труд и социјална политика, министрите ќе ја разгледаат информацијата за изградба и опремување на детска градинка во општина Илинден.

Владата ќе дебатира  за информацијата во врска со потребата од спроведување процес на проверка (ветинг) на вработените во ова министерството за внатрешни работи.

Пред министрите денеска ќе се најде информацијата за извршените инспекциски надзори за безбедност на детските играчки кои се продаваат на територијата на Македонија за првиот квартал од 2019 година.

Како материјал за информирање, членовите на Владата ќе ја разгледаат Информација за акцискиот план за вработување млади лица, 2016 – 2020 година.

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за 148-мата седница предлог – програмата за дополнување на Програмата за проширена репродукција на шумите за 2019 година.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...