ВМРО – ДПМНЕ ги стави на маса сите маани на законот за попис, Мицкоски се закани со бојкот

334

Пратеникот Илија Димовски денеска се очекува да се сретне со директорот на државниот завод за статистика, Апостол  Симовски и да ги пренесе забелешките на опозициската партија за Законот за попис.

Димовски вели дека станува збор за сериозни и клучни забелешки за да пописот може да се реализира на ниво на стандардите на ЕУ и Еуростат.

Опозициската партија вчера на комисиската расправа во Собранието побара да се повлече предлог-законот за попис затоа што, како што истакна пратеникот Влатко Ѓорчев е штетен и неевропски и не ги исполнува критериумите на ЕУ и Еуростат.

Ова барање на опозицијата не беше ставено на гласање, а важно е тоа што опозицијата бара јасно да се дефинира што е резидентно население, да се формира државна пописна комисија и да се спроведе статистичка операција, а не да се политизира прашањето или насила, како што вели пратеникот Ѓорчев, да се турка законското решение спротивно на европските стандарди. Со оглед на тоа што во предложениот текст има многу криви дрини за исправање кои се очекува да ги изнесе во јавноста пратеникот Димовски, во партијата велат дека е подобро да се одложи законот.

Претходно Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО – ДПМНЕ беше категоричен дека  партијата нема да го прифати Законот за попис, таков како што го скроиле СДСМ и ДУИ, а ако власта не ги прифати забелешките ќе ги повика граѓаните на непопишување.

– Ваков каков што е ВМРО – ДПМНЕ нема да го прифати предог законот за попис и ќе ги повика граѓаните на непопишување – дециден е Мицкоски.

За да не се сучи тоа, Мицкоски појаснува дека токму целта на работните групи е да  раговараат и да подготват закон кој ќе одговори на статистичка операција од која, како што вели Мицкоски, ќе се добие одговор како ќе се развива државата во иднина.

Во изминатиот период Македонија има спроведено осум пописи на населението: во 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...