Познатата блогерка пронајдена гола во куфер со пресечен врат ФОТО

Според полицијата таа имала неколку убодни рани, а нејзиното тело е најдено во куфер во станот што го изнајмувала во Москва.

13187

Екатерина К (24), руска блогерка, е пронајдена мртва во својот стан во Москва. Како што пренесуваат медиумите, на Екатерина ѝ го пресекле вратот, а потоа нејзиното голо тело било пронајдено во патнички куфер.

Според полицијата таа имала неколку убодни рани. Нејзиното тело било пронајдено во куфер во станот кој го изнајмувала во Москва.

Екатерина се натпреварувала како блогерка за убавина.

Нејзиниот Инстаграм-налог на име Katti има 80.000 следбеници. Работела во градската болница.

Кога престанала да одговара на телефонските повици, нејзините родители се загрижиле. Родителите го замолиле нејзиниот станодавец да влезе во нејзиниот стан и тогаш било откриено дека е мртва.

Во станот го пронашле голото тело во куфер.

Мотивите за ова брутално убиство не се познати, а полицијата испитува неколку опции, вклучувајќи го и нејзиниот љубовен живот, а засега е познато дека раскинала со 33-годишното момче и почнала врска со постар маж. Таа и 52-годишниот маж имале намера да одат за Холандија.

Нејзиното тело е пронајдено пет дена подоцна.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...