Американската старлета Ким Кардашијан подготвува документарец за правниот систем во САД, па за потребите на филмот го посетила затворот во Вашингтон.
Ким не ја пропуштила ниту оваа прилика за едно селфи, па позирала со затворениците и ги поставила фотографиите на интернет.
„Запознав толку многу прекрасни луѓе кои едвај чекаат да ги споделат нивните приказни со вас. Снимавме документарец, се надевам дека ќе научите нешто за правниот систем како што научив јас“, напиша Ким.
Како што порано најави, Ким планира да положи правосуден испит и да започне адвокатска кариера.