Твитер-налогот на актерката во текот на викендов беше мета на хакерски напади. Од нејзиниот профил се објавени голем број навредувачки пораки.
Додека Алба спиела, сексистички и расистички насочена личност „влегла“ на нејзиниот налог, а потоа почнала да објавува работи кои го фрапирале целиот свет.
„Хендикепираните лица се виновни за 11 септември“, ова е само една од спорните објави.
„Давам 50.000 долари некој да убие личност со посебни потреби“, ова се некои од пораките кои се објавени на нејзиниот профил.
„Жени, мора да сфатите дека Бог го измислил силувањето, затоа што сте физички послаби од мажите“, гласи еден од твитовите.
Исто така во една од објавите пишувало „Нацистичка Германија не направила ништо лошо“. Оваа објава предизвикала лавина реакции од страна на нејзините подdржувачи.
Актерката успеала да го поврати својот профил и да ги отстрани навредливите објави, меѓутоа фотографии од тие објави сè уште кружат по интернет.
FOTO: Tviter/Printskrin