Кралицата Елизабета лани потрошила 52 милиони евра: Еве кај отишле толку многу пари

517
ФОТО: EPA/WILL OLIVER

Британската кралица Елизабета Втора лани потрошила 52 милиони евра на кралскиот персонал, одржувањето на домаќинството, патување и останато.

Но, популарноста на кралското семејство е англиски бренд благодарениа не кое добро заработуваат и државата и кралството, пишува „Бизнис инсајдер“.

Во 2017 година, пресметано е дека кралското семејство придонело на британската економија со речиси 2 милијарди евра, вклучувајќи ги 610 милиони евра од туризмот.

Но, кралското домаќинство е скапо за одржување и кралицата Елизабета Втора не штеди на себе.

Еден од главните извори на приходи за семејството се државните грантови.

Со нив се финансираат кралските службени должности, вклучувајќи патувања, забави и одржување на палатата. Тој се финансира со профитот од недвижнини вредни 13 милијарди фунти, наречени „Crown Estate“, што е технички во сопствеништво на владејачкиот монарх.

Но, кралското семејство не го задржува целиот профит од тие приходи, бидејќи тој прво оди во државната каса, која потоа му исплаќа на семејството преку тој државен грант.

Следната деценија, секоја година кралицата ќе прима 25 отсто од профитот од кралската добивка на имотот, што претставува зголемување од 15 отсто од износот што го добила порано, а оваа година ќе изнесува околу 82 милиони фунти.

Ова зголемување најмногу ќе оди за реконструкција на Бакингемската палата.

Ако тие пари се распределат на повеќе од 66 милиони Британци, тоа значи дека кралското семејство ќе чини малку повеќе од фунта по глава на жител.

Ова не се сите пари што кралицата ги добива и ги има – да се пресмета нејзиното богатство не е лесно, бидејќи таа не е обврзана да ги открие своите приватни сметки.

Неодамнешната проценка вели дека таа вреди околу 370 милиони фунти, односно половина милијарда долари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...