Поради сомнение дека ја обљубил својата 13-годишна ќерка, која има пречки во развојот, полицијата го уапсила 62-годишниот Б.А. од Јагодина, пренесуваат српските медиуми.
Настанот се случил во село кај Јагодина, а бил пријавен на 29 јуни. По неколку дена на осомничениот му бил одреден притвор.
Тој сега се наоѓа во притвор, а неговата ќерка е сместена во згрижувачко семејство.