Земјотрес во Грција со јачина од 4 степени, почувствуван и во Македонија

1155

Земјотрес со јачина од 4 степени имаше вечерва во 21.33 часот во Грција, по локално време.

Земјотресот е почувствуван во Солун, Серес, а почувствуван е и во Македонија.

Епицентарот е на 2 км од местото Терпни, на 19 км од Серес или на 57 км од Солун. Измерен е на длабочина од 10 километри.

И телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и во Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 20 часот и 33 минути по локално време регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 200 км југоисточно од Скопје и потекнува од соседна Грција.

Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.8, а беше почувствуван од населението во Гевгелија и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти вечерва Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...