Китаровиќ: Хрватска ќе им помогне на соседните земји – БиХ и Македонија да влезат во ЕУ

418

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Ерусалим изјави дека Хрватска ќе им помогне на соседните земји да влезат во Европската унија.

– Можеме да направиме многу добри работи, но исто така и да потонеме во хаос. И затоа мора да го надгледуваме сето она што се случува околу нас и, што се однесува до Хрватска, да им помогнеме на соседните земји – БиХ и Македонија – да влезат во Европската унија – рече Грабар-Китаровиќ.

Во контекст на заедничките безбедносни закани, таа оцени дека е важно Хрватска и Израел заедно да се грижат за Европа и за Медитеранот и оти соработката и заедничката борба против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување се најважни за безбедноста на двата народа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...