Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески не правел операција на срцето откако по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка.
Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна и дека по прегледите е вратен во затвор.
– Јанакиески беше носен во болница минатата недела и по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Врз него не е направена хируршка интервенција и здравствената состојба му е добра – вели Рахиќ.
Јанакиески штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот.