Јавното обвинителството будно ги следи информациите за наводна наредба за форензичко бришење на податоци во СЈО, вели во интервју за Канал 5 државниот обвинител Љубомир Јовевски.
– Доколку Обвинителството дојде до црвсти сознанија ќе преземе соодветни мерки согласно законот – рече Јовевски.
Тој смета дека во новото Обвинителство треба да се задржат ресурсите од сегашното СЈО во смисла на буџет и кадар.
– Јас не сум за тоа овие ресурси да се изгубат, туку со интегрирањето на ова Обвинителството со Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција да се задржат овие ресурси во рамките на новото Јавно обвинителство – рече Јовески.