Французите тужат поради загадување со олово по пожарот во Нотр Дам

124

Француската асоцијација Робин де Боа соопшти денеска дека поднела тужба до парискиот суд поради намерно загрозување на човечки животи од испарување на олово во пожарот кој ја зафати катедралата Нотр Дам.

Според оваа Асоцијација, локалните власти требале веднаш да изречат заштитни мерки. Во тужбата не се посочува кој е конкретно осомничен.

Стотици тони олово се истопија кога во пожарот во април беа уништени покривот и кулата на катедралата Нотр Дам, а исклучително високо ниво на олово е регистрирано во воздухот во околината на црквата. Децата се посебно чувствителни на здравствени проблеми предизвикани од труење со олово.

Градските власти минатата недела наредија длабинско чистење на училиштата во соседството, а здравствените власти им препорачаа на децата и на бремените жени кои живеат во близина на катедралата да направат тестирање на крвта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...