Велешкиот наместо скопскиот суд ќе го води случајот со Панчевски за местење предмети кај судии

272

Случајот во кој беше поднесено обвинение за Владимир Панчевски нема да го води скопскиот Кривичен суд, туку судот во Велес, одлучи Апелација.

На, Панчевски со обвинителниот предлог поднесен на 8 јули годинава на товар му се става дека како претседател на Кривичниот суд во Скопје направил злоупотреба на службената положба и местел предмети кај подобри судии.

Токму поради тоа што тој е поранешен претседател, а потоа остана да биде судија во скопска единица, Апелација надлежностите за предметот ги предаде на велешкиот суд.

„Второстепениот суд утврдил дека обвинетиот е судија во конкретниот суд и со цел да се исклучи секакво сомневање во непристрасноста на првостепениот суд што би можела да влијае врз перцепцијата за објективноста на судот, како и согласно член 6 од Европската конвенција за човекови права, постојат причини за пренесување на стваранта надлежност. Со решението на Апелациониот суд – Скопје, Основниот суд Велес се определува за надлежен да постапува по конкретниот предмет“, соопштија од Судот.

Инаку, Панчевски пред десетина дена беше времено суспендиран од судиската функција од страна на Судскиот совет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...