Заев: Нема одложување, попис ќе има идната година

527

Јасно се дефинирани стандардите на Евростат. Домаќинство кое влегува во попис е секое кое живее тука, се отселило од државата не повеќе од една година, изјави премиерот Зоран Заев на парашање каде би отстапила власта за да има договор за пописот со опозицијата.

– Се знае, така е секаде во светот. Треба да се седне и да се даде пас. Пробниот попис успешно помина. Се чека законот да биде усвоен во Собранието. Од разговор со директорот на Статистика имам сознанија дека нема суштествени забелешки од опозицијата за законот за попис. Дефинитивно ќе има попис идната година. Ако се одржеше попис во 2011 година можеби и ќе имаше основа пописот да се одложи за 2021 година, но не се одржа.Нема одложување на пописот – изјави Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...