Груевски бара СЈО да ги чита сите докази, судијката сака да има судење во разумен рок

2241

На денешното рочиште за предметот „Тенк“ кој се однесува на набавката на блиндираниот мерцедес СЈО тој изнесува писмените докази. Обвинителите ја прочитаа листата на докази, на што приговараа адвокатите од одбраната посочувајќи дека не прифаќаат од СЈО само да ги читаат имињата и насловите на доказите, туку доказите да се читаат целосно.

Судијката Добрила Кацарска рече за тоа требало да се изјаснат пред обвинителот да почне да ја чита листата, а не откако тој ја прочита целосно.

Адвокатите појаснија дека тие кренале рака и тогаш, но судијката не ги видела. Во приговорите за ова, од одбраната збор побара и обвинетиот Никола Груевски кој објасни дека всушност неговите адвокати побарале збор.

– Ако добро ве разбрав адвокатите требало да побараат збор претходно. Забележав дека адвокатот Боро Тасевски креваше рака, но вие бевте фокусирани на текстот што го читаат и не го забележавте. По некое време адвокатот Димитар Дангов му се обрати и веројатно заради почит кон вас, му кажа да почека и тоа да го каже на крајот за да не се довикува и да не се крева тензија. Мислам дека е најдобро да се погледне снимката и да се утврди фактичката состојба – рече Груевски.

Судијката по ова рече дека одбраната уште на почеток на постапката ги има добиено сите списи и докази, ги знае доказите и нивното читање само ќе ја одолговлекува расправата. Таа напомена дека без разлика на се, она што е зацртано според планот ќе се изведе без оглед на времетраењето на рочиштата. Кацарска им напомена и според меѓународните стандарди и конвенции тие имаат право на судење во разумен рок но мора сум одбраната со своето однесување да придонесе кон тоа и да тежнее кон што побргу носење на пресуда земајќи го угледот на обвинетите и тоа што станува збор за поранешни премиер, министерка и висок функционер од МВР.

По ова Груевски се јави уште еднаш за збор и рече дека како што вчера било наведено дека јавноста треба да ги слушне бомбите така о сега тие сметаат дека јавноста треба да ги слушне писмените докази бидејќи според Груевски тие биле суштински празни.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...