Почетино бил во депресија по поразот од Ливерпул во финалето на ЛШ

177
ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, призна дека поразот од Ливерпул во финалето во Лигата на шампионите го довел до депресија.

– Да, тоа беше тешко за мене, имавме најубави три недели во подготовките за финалето и бевме бескрајно разочарани од начинот на кој изгубивме. Тоа беше многу лошо чувство, како чувството во 2002 кога, како аргентински репрезентативец, забележав нерешен резултат против Шведска и пораз од Англија за една недела од Светскиот куп. Ова се најлошите моменти во мојата кариера – рече 47-годишниот специјалист.

По финалето со Ливерпул, тренерот на „петлите“ се качил на воз од Мадрид до Барселона и не излегувал 10 дена од неговиот дом.

– Не сакав да излезам. Беше тешко, бидејќи бевме толку блиску до славата. Мислам дека бевме подобри од Ливерпул. Малку детали ја направија разликата. Шампионите брзо се опоравуваат, можеби 10-15 дена, како што беше во мојот случај, Најлошо е на одмор, затоа што секој ден мислиш на истото, но кога ќе продолжите со тренинзи, лошите спомени остануваат во минатото. Огнот внатре во тебе повторно се појавува – додаде Почетино.

ФОТО: EPA / WILL OLIVER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...