Изгоре глисер на Халкидики со петчлено семејство од Србија ВИДЕО

Наводно, имало експлозија од непознати причини, по што избувнал пожар.

1848

Вистинска драм вчера се случувала на Халкидики, во Ситонија, кога во близина на плажата експлодира, а потоа се запали глисер во кој се возело петчлено семејство од Србија.

Според грчките медиуми, глисер во кој се возело петчлено семејство од Србија, се запалил вчера наутро. Наводно, имало експлозија од непознати причини, по што избувнал пожар.

Според очевидци, едно девојче од силината на експлозијата било исфрлено од глисерот, додека мајката со две други малолетни девојчиња скокнала во водата. Таткото, заедно со инструкторот, останал во глисерот за да го однесат до брегот.

Драмата се одвивала недалеку од плажата која беше полна со туристи. Според локалните медиуми, српското семејство било однесено во најблиската болница, а едно од девојчињата било однесено во болница во Солун.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...