Се ожени внукот на Грејс Кели, невестата плачела додека одела кон црквата ФОТО

Двојката се свршила во февруари 2018 година, а прво во петокот склопиле граѓански брак во Монако.

1929

Синот на Стефани од Монако и Даниел Дикруe, нејзиниот поранешен телохранител, се омажи за Марија Шевалие, со која врската ја започнал во текот на студентските денови, поточно во 2011 година.

Младоженецот е внук на Грејс Кели и принцот Рение од Монако.

Двојката се свршила во февруари 2018 година, а прво во петокот склопиле граѓански брак во Монако, а потоа, наредниот ден, љубовта ја крунисале и во црква, во друштво на блиски пријатели и семејството.

Свадбата што ја следела традицијата на кнежевското семејство била проследена со големо внимание.

Во голема мера се коментирал стајлингот на невестата, која на првата церемонија носела комбинезон од дизајнерката Роза Кларен, а на втората венчаница од „Atelier Boisanger“, која била креирана дури 300 часа.

Марија додека се возела во кочија кон црквата заплакала, а потоа ја претставила на светската прекрасната класична венчаница. Фустанот го красел екстремно долг плашт и раскошен вел.

Марија во текот на вечерта се пресоблекла во пократок фустан, кој, исто така, бил украсен со метри и метри тил позади.

FOTO: PROFIMEDIA

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...